Книгаhttp://mxradio.com.mk Wed, 23 Aug 2017 15:58:01 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkПро­моција на книгата „К­ако го искачив К2“ на Здра­вко Дејановиќhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/pro-motci-a-na-knigata-k-ako-go-iskachiv-k2-na-zdra-vko-de-anovi http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/pro-motci-a-na-knigata-k-ako-go-iskachiv-k2-na-zdra-vko-de-anoviПро­моција на книгата „К­ако го  искачив К2“ на Здра­вко Дејановиќ

Промоција на книгата „Како го искачив К2“ на алпинистот Здравко Дејановиќ.

Книгата е личен дневник на авторот за искачувањето на технички најтешкиот врв на планетава, врвот К2. Инаку Дејановиќ е едниствен на Балканот, кој ги има искачено трите најемнентни врва на светот, највисокиот Монт Еверест, споменатиот К2 и најопасниот Анапурна 1.

 

Промоцијата ќе се одржи во вторник, 06.06.2017 година, во 20:00 часот во Terazza Aquarius, Охрид.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаMon, 05 Jun 2017 17:24:07 +0200
10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочитаhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/10-klasitci-koi-seko-a-sovremena-devo-ka-treba-da-gi-prochita http://mxradio.com.mk/mx/kultura/10-klasitci-koi-seko-a-sovremena-devo-ka-treba-da-gi-prochita10 класици кои секоја современа девојка треба да ги прочита

Ова е листа од 10 книги препорачани од книжевен критичар и во нив со сигурност ќе уживате.



1. „Три сестри“ – Антон Павлович Чехов
Сестрите Ирина, Маша и Олга во својата провинција мечтаат да отидат во Москва, но тука не се работи за големиот град, туку за ширината, слободата и за еден незапирлив женски, човечки живот.
2. „Нора“ – Хенрих Ибзен
Нора со уште некои свои „книжевни сестри“ го разби стереотипот за граѓанскиот брак и оттогаш тој е незамислив. Нека не ве лаже фактот дека и денес милиони луѓе живеат во таков брак, тоа не е веќе тоа, туку само така се вика.
3. „Мадам Бовари“ – Густав Флобер
„Мадаме Боварѕ, ц’ест мои“ – вели загадочно Флобер. Но, со него или без него, госпоѓата Бовари се повикува на „романтична лудост“ која го оправдува човековото постоење. И тргнува на една храбра прошетка со кочија, прошетка која сè уште трае.
4. „Ана Каренина“ – Лав Николаевич Толстој
Русинките поинаку се воспитуваат, кога нешто не е во ред, нужно мислат дека самите се криви за тоа. Ана се фрлила под воз, но пред тоа мудриот спахија Толстој ни раскажал една од основните приказни во историјата на модерниот роман, приказна за сфаќањето на човечката слобода и женската независност. Океј, Ана лошо сфатила, но отворила пат…
5. „Даблинци“ – Џејмс Џојс
Можеби најдобрата збирка раскази некогаш напишана. „Мртви“, еден од нив, е приказна за љубовта и изгубеното, за ненадополнетото, за незабележителната тага, неважноста на сè и секој што доаѓа потоа, кој го сака оној кој живее во сенка на својот „мртов“. А снегот подеднакво паѓа на земјата и прекрива сè живо и неживо и нема никогаш да прекине.
6. „Тонио Крегер“ – Томас Ман
Тонио е заљубен уметник, но русокосата убавица која ја сака ќе ѝ даде предност на „подобрата прилика“ и со тоа му ќе му го крши срцето.
7. „Неподносливата леснотија на постоењето“ – Милан Кундера
Има нешто од фундаментална важност за мажите, барем за оние од средна Европа во 20 век, а тоа ни го посочува Кундера во оваа, но и во секоја друга негова книга.
8. „Нечија сопствена соба“ – Вирџинија Вулф
И сиот нејзин прозен опус, се разбира. Но, овој есеј говори за суштински важни работи како што е моментот кога жената престанува да биде подвижен дел од покуќнината. Немојте да се залажувате дека тоа било порано, има многу места каде сè уште се случува.
9. „Премногу среќа“ – Алис Мунро
Па и секоја друга збирка со нејзините приказни. Канаѓанката е многу моќна, прониклив проповедник на помалку блескави, а повеќе страшни женски судбини, навидум удобно заштитени во своите американски провинции.
10. „Песочен часовник“ – Данило Киш
Жените едноставно лудувале по овој човек. А, според неговото дело „Песочен часовник“ ќе сфатите дека југословенската литература е нешто кое навистина заслужува да биде рамо до рамо со светските класици.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаSat, 24 Oct 2015 09:26:58 +0200
Гостин на првата книжевна резиденција „Апсолутно модерен“ Роберт Перишиќhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/gostin-na-prvata-knizhevna-rezidentci-a-apsolutno-moderen-robert-perishi http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/gostin-na-prvata-knizhevna-rezidentci-a-apsolutno-moderen-robert-perishiГостин на првата книжевна резиденција „Апсолутно модерен“ Роберт Перишиќ

 

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки и Град Скопје во март во Скопје престојува Роберт Перишиќ.

 

 

Роберт Перишиќ е (роден 1969 година во Сплит) е еден од најнаградуваните и најпреведуванит хрватски автори од средната генерација. Автор е на седум книги, од кои првите две збирки раскази веќе во почетокот на 2000-тите му обезбедија читателска публика и преводи на словенечки, српски, чешки и унгарски.

 

Негова досега најуспешна книга е Нашиот човек на теренот (2007), која се здоби со две книжевни признанија и беше преведена на многу јазици, меѓу кои и на македонски, во 2010, година, во издание на Македонска реч. Книгата ја доби наградата Роман на годината на Јутарњи лист и наградата на Шпаркасе банката во Грац, Австрија. Таа постигна особен успех во САД наидувајќи на одличен прием од американската критика. Познатиот автор Џонатан Френцен го напиша поговорот за книгата. Романот беше пофален како оригинална, сатирична анти-воена проза која последиците од бурните деведесетти години ги спротиставува на фонот на поствоената хрватска реалност, и споредувана со најдобрите постигнувања од жанрот, со Мајка Храброст на Брехт, со Кланица 5 на Курт Вонегат и Добриот војник на Јарослав Хашек.

 

Освен проза, Роберт Перишиќ пишува и драми, Културата во предградието за театарот Гавела, и сценарио за филмот 100 минути слава во режија на популарниот Далибор Матаниќ.

 

Инаку, јавноста го знае Роберт Перишиќ како долгогодишен книжевен критичар. Како магистар по хрватска книжќевност, најпрвин пишува во легендарниот Ферал Трибјун (1994-2000), а потоа и во Глобус (2000-2013). Тој бил главен уредник и на култното книжевно списание Године и Године нове.

 

Меѓу другото Перишиќ е основач и програмски директор и на хрватскиот меѓународен книжевен фестивал, Лит Линк и иницијатор на кампањата „Право на професија“, покрената за подобрување на статусот на писателите во Хрватска.

 

Најновата книга на Перишиќ, Подрачје без сигнал беше објавена во март 2015 година и веќе добива солидни оценки. На повеќе од четиристотини страници, Перишиќ дава една широка фреска за воените и транзициските судбини на мноштво ликови од едно мало босанско гратче Н. Напишана во духот на Андриќевите хроники, со дискретна иронија, Перишиќ ја разоткрива трагедијата на малите јунаци, до кои и сега, во малите провинциски гратчиња достигаат криминалните посредници на големите белосветски играчи. Тие ги користат локалните жители, веќе трауматизирани и длабоко унесреќени од босанската војна, за нови игри, тајна испорака на стара технологија на арапските диктатори, биотехнолошки експерименти, проекти за неолиберална приватизација на јавните ресурси, уцени од старите кучиња на војната, сега трансформирани во локални моќници и рекетари и слично.

 

Перишиќ во Скопје работи на новиот роман, краток роман од 120 страници, со фокус на јунакот кој се наоѓа во „празно поле“ откако му се распаднал дотогашниот живот.

 

 
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаThu, 25 Jun 2015 08:07:22 +0200
Славе Банар ја доби наградата за најдобра поема во Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/slave-banar-a-dobi-nagradata-za-na-dobra-poema-vo-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/slave-banar-a-dobi-nagradata-za-na-dobra-poema-vo-okhridСлаве Банар ја доби наградата за најдобра поема во Охрид

Во рамките на годинашниве „ Прличеви беседи“ , денеска во Центарот за култура, на свечена академија, на охридскиот писател Славе Банар му беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2014 година. На анонимниот конкурс на кој учествуваа петнаесет автори, жири  комисијата, за најдобра ја прогласи неговата поема „ Амбар“ . 


    -Почестен сум  што  успеав преку оваа награда да ја продолжам жестоката традиција воспоставена од Прличев како еден од најголемите интелектуалци, автори, преродбеници, луѓе на кои се потпира Охрид и луѓе врз кои се гради се она духовно, креативно, едукативно во градот- рече лауреатот Славе Банар.
Претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, на добитникот на Прличевата награда  Славе Банар, му го чесита добивањето на ова високо признание и му посака добра мисла и творечка енергија.
    „ Посебно не радува тоа што добитник на годинашанава  награда  е охриѓанецот Славе Банар  за  поемата „Амбар“ , истакнат автор, кој со ова дело, како што оценила стручната комисија, покажа дека , инспративно и посветено треба да се чекори по патот што го отвори големиот Прличев- рече Коњаноска.
Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература, како претседател на Комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Амбар“ истакна  дека е успешен обид преку сложен поетски израз да се направи спој на класичното и модерното, а истовремено да прозвучи ангажирано во однос на актуелниот ден.
На свеченоста настапи хорот од Центарот за култура „ Григор Прличев“  , а делови од поемата „ Амбар“ говореа артисти од охридскиот театар.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаFri, 06 Feb 2015 08:43:33 +0100
Промоција на книгата Сеќавања за брат ми Драган Богдановскиhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promotci-a-na-knigata-se-ava-a-za-brat-mi-dragan-bogdanovski http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promotci-a-na-knigata-se-ava-a-za-brat-mi-dragan-bogdanovskiПромоција на книгата Сеќавања за брат ми Драган Богдановски

 

На 05.08.2014 година во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид (изложбениот салон) ќе се одржи промоција на книгата: „Сеќавањa за брат ми Драган Богдановски“ од авторот Раде Станковски.

 

 

 Како промотор на книгата се јавува Проф. д-р. Виолета Ачкоска, историчарот Марјан Гијовски а организатор м-р Никола Митровиќ. Промоцијата на книгата е од отворен карактер и секој кој пројавува интерес може да присуствува.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаTue, 05 Aug 2014 10:09:08 +0200
Самостојна изложба на Стевчо Наумоски во Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/samosto-na-izlozhba-na-stevcho-naumoski-vo-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/samosto-na-izlozhba-na-stevcho-naumoski-vo-okhridСамостојна изложба на Стевчо Наумоски во Охрид

 

Овој петок, 8ми август, со почеток во 20:00 часот, во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на младиот фотограф од Охрид, Стевчо Наумоски.

 

 

Насловена „Пулс на животот“, изложбата се состои од серија од диптих фотографии кои претставуваат човечко пулсирање низ своите животни циклуси (Младост, Зрелост и Старост) на една страна, наспроти четирите елементи (Земја, Вода, Оган Воздух) кои се во сржта на сепостоењето, од друга страна.

 

Инспириран од жената/човекот, нејзините животни зими и циклуси кои не само го менуваат нејзиното животно пулсирање, туку и наборите на младото тело кое старее; таа/жената/човекот станува немирна, се бранува како езерото, тлее како жарчиња што чекаат да станат оган, ветрот ги гаси или засилува, слично како животните бури на човекот. Целата идеја за едно вака споредено пулсирање влече корени од повеќе филозофии кои зборуваат за класичните елементи, меѓу кои особено Јапонската.

 

Стевчо е графички дизајнер по професија (https://www.behance.net/snaumoski), кој негува огромна љубов за уметноста и фотографијата во комбинација со различни уметнички медиуми. Зад себе има повеќе фотографски изложби во Македонија и надвор, како и објавувања во магазини и портали.

 

Како убав спој на визуелното со пишаниот збор како медиум, оваа изложба ќе биде проследена со прозна интерпретација на делови од првата издадена зборка раскази „Нова приказна“ на Мерсиха Исмајлоска, Докторант на катедрата за општа и компаративна книжевност. Расказите на Мерсиха и фотографиите на Стевчо концептуално и тематски третираат ист пристап кон размислувањето за пулсот на животните циклуси и класичните елементи.

 

За повеќе информации посетете: https://www.facebook.com/events/340850662738176/. Во петок очекуваме необично интересен настан, и истовремено ве покануваме да го проследите!

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаTue, 05 Aug 2014 09:56:30 +0200
Трпејца пулсира - На Зајдисонцеhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/trpe-tca-pulsira-na-za-disontce http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/trpe-tca-pulsira-na-za-disontceТрпејца пулсира - На Зајдисонце

 

Третото издание на културно – забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ во Трпејца од ден во ден е се поинтересно и со понудените содржини го привликува се’ по голем број гледачи и директни учесници во низата бесплатни случувања.

 

 

Денеска – недела, напладне на бисерната плажа во Трпејца ќе се одржи натпревар во фаќање риба на јадица. Учесниците заедно ќе подготвуваат чорба од риба. Вечерва во 20 часот и 30 минути „Кај бунарот“ во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан македонскиот игран филм МИС СТОН. Овој филм на времето делумно е сниман во Трпејца и во низа сцени се овековечени голем број жители од ова село.

 

Утре манифестацијата завршува со пешачењето по патеката Чоколско. Овој настан е во соработка со Националниот парк „Галичица“,а вечерта манифестацијата ќе биде затворена со настапот на ансамблот „Билјана“ .

 

Под будното око на Наташа Алексиќ од Црвен крст – Охрид деновиве во Трпејца се одржа работилница за изработка на оригами, која имаше хуманитарен карактер. Вчера со турнир во шах доделување медали и дипломи заврши шаховската школа под раководство на Борис Лушески од ШК „Ласкер“ од Охрид, а вечерва се заокружува и школата по англиски јазик под раководство на м-р Габриела Неделкоска.

 

Трпејчани и гостите со бурни аплаузи и посебна радост деновиве го проследија настапот на КУД при Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца и двете изданија на атрактивната вечерна променада „Со кајче по езерото“ на која настапија учениците од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид Кристина Љушкоска – флејта, Теодор Љушкоски – кларинет, Димитар Гаврилоски – виолина, Филип Гаврилоски – хармоника и Филип Неделкоски – гитара.

 

По трет пат се одржа и кајакарската регата „Номче Митрески“ со кајакари од КК „Рибар “ од Трпејца.

 

Синоќа – сабота на манифестацијата „На зајдисонце“ концерт одржа познатиот Томислав Маниќ и неговата гостинка и соработничка – поранешната оперска пеачка Ана Низамова. Обајцата преку песните ја потсетија бројната публика на блескавите моменти од нивните кариери. Пееа забавно, народно, класика, па дури и џез.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаMon, 28 Jul 2014 11:03:18 +0200
Промовиран Последната пролет во Париз во Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promoviran-poslednata-prolet-vo-pariz-vo-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promoviran-poslednata-prolet-vo-pariz-vo-okhridПромовиран Последната пролет во Париз во Охрид

Најновиот роман „Последната пролет во Париз“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, промовиран во Охрид.
Авторката денеска имаше средба со охридските новинари во култниот Аквариус.


Авторката објасна дека во книгата се зборува за една сосема обична старост и рутинска новинарска задача, која ќе ги спои судбините на две непознати жени. Марија Колчак, штитеничка на санаториумот во Тулон која ќе и ја раскаже својата трагичната приказна за својот живот на Олга Лашез, новинарка во угледен париски весник.
„Емигранската судбина од царска Русија, мрачниот свет на шпионажата, верноста и идеологијата, лагите, демоните од минатото - ја откриваат вистината за животот на една старица чија верба во љубовта била голема колку и нејзината болка. Каде е границата на вистината и како да се пронајде храброста да ја прифатиме и вистински да се  запознаеме самите себеси? Дали лагата е доволно лековита ако вистината е сурова? Во играта на судбината единствениот влог е љубовта“, вели Алимпиќ.
Романот „Последната пролет во Париз“ е трета книга на Алимпиќ. Оваа како и претходните две книги се преведени на македонски јазик. Таа е единствен Српски автор најчитан во последните 15 години.
„Огромна чест ми е што читателите ми ја доделија таа награда“, открива Алимпиќ.
Книгата „Последната пролет во Париз“ во Србија е објавена на 3 април, а во Македонија пред шест дена.
Првата пресс конференција во Македонија во организација на Матица - огромна заинтересираност од македонската читателска публика. За две вечери авторката на романот потпишала, преку 400 книги, поточно толку читатели дошле да се запознаат со Алимпиќ.
„Тоа ќе го паметам до крајот на мојот живот. Немам зборови со кои би ја искажала благодарноста на македонската публика. Огромна благодарност до македонците кои ја препознаа мојата емоција и што толку убаво ги прифатија моите книги“, вели авторката на романот „Последната пролет во Париз“.
Јелена Бачиќ Алимпиќ откри дека е воодушевена од Охрид и дека често го посетува. Истакна дека ја обожува македонската храна, но и дека нема да пропушти да си купи бисер или некој друг специфичен накит за ова поднебје.
Јелена Бачиќ Алимпиќ е авторка и на романите „Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, со кои привлече огромна читателска публика не само од женска туку и од машка популација. Таа вели дека е пресреќна затоа што нејзините книги ги читаат од 7 до 77 години.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаFri, 06 Jun 2014 09:09:46 +0200
Промоција на книги од Мухиќ и Тасевhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promotci-a-na-knigi-od-mukhi-i-tasev http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/promotci-a-na-knigi-od-mukhi-i-tasevПромоција на книги од Мухиќ и Тасев

Во рамки на Саемот на книга, во петок, на 11 април од 15.00 до 16.00 часот  во салата за промоции, издавачката куќа „Галикул“ ќе ги промовира книгите „Медот во крвта“ од Ферид Мухиќ и „Надвор од линијата“ од Ивана Тасев. Промотор на првата книга ќе биде Тодор Чаловски, а на втората Јане Чаловски.

Поетската книга „Медот во крвта“ е најново дело на истакнатиот македонски филозоф, есеист, теоретичар, книжевен критичар и поет, Ферид Мухиќ. Станува збор за стихозбирка чиј основен белег е љубовта и нејзината лирска транспозиција, која суверено ги носи и чува ознаките на една уверлива самоидентификација во просторот и времето како откриена смисла и вистина на своето и универзално човеково битие. Авторот пее за немирот и трагањето на “балканската нежност” и “балканскиот копнеж”, за понирањето по сталните и релевантни поетски реалности што ги носат и изразуваат блесокот на зборовите и светлината меѓу луѓето и потребата од повеќе љубов и меѓусебно разбирање. Песните се доживуваат како лирски љубовни записи на балканскте народи, со препознатлива и конкретна лирска инспирација, која во своите пошироки симболички асоцијации обврзно ги изразува оние творечки предизвици, кои на животот и светот му даваат смисла на неодминлива и трајна порака.
Ферид Мухиќ е автор е на голем број филосовски, научно-есеистички, прозни и поетски книги меѓу кои „Ноуменологија на телото“ (Табернакул, 1994) и „Големата градба и други разговори со непознатиот“ (Блесок, 2001). Главни професионални преокупации му се современата филозофија, културната атропологија, естетиката, философијата на политиката. За својот труд е добитник на повеќе домаќни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на Меѓународната награда “Златен Прстен за книжевен опус” за 2009 година.

 

Здружени за литература, култура и уметност „Галикул“

 

 

 

Ова е прва книгата на новинарката и фотографка Ивана Тасев. Станува збор за збир на интервјуа кои таа ги има објавувано изминативе десетина години во неделното списание „Теа Модерна“ со веќе докажани и звучни имиња од креативната македонска сцена. Овие редови, отскокнуваат од линијата на класично интервју и природно се преобразуваат во куси литерарни творби. Текстовите дотолку ги разоткриваат уметниците како личности, нивните форми на изразување, ставови, пориви, доблести, слабости, интимни размисли, нивната чувственост... што прави да се впиваат во еден здив. Тие се печат на едно време. Доказ дека постои плодна и потентна сцена. Сведоштво за варијабилите на уметничка сцена во Македонија, изминативе десетина години. Своевиден уметнички тестамент. Транспарентно огледало на уметничката свест. Ова четиво може да биде од корист и на следните генерации, кои би сакале да го детектираат уметничкиот светоглед на респектибилните уметници од ова време. Бидејќи, ова е книга, како слика на едно време. Достоен стремеж кон светли нешта. Минуциозен поглед навнатре. Манифест за македонска пролет.

 

Ивана Тасев е новинар по вокација и професија. Својата кариера ја започнува во 1992 година уште за време на студиите во Македонската телевизија, за потоа да го пронајде својот пат во печатениот медиум, каде работи и денес. По дипломирањето се вработува како новинар во новинската куќа „Денес“, и пишува за културната рубрика во дневниот весник „Македонија денес“ и во културниот и социјалниот сектор за неделникот „Денес“. Од 2003 година е вработена во најтиражниот неделник „Теа Модерна“, каде, покрај тоа што е редовен колумнист, задолжена е и за носечките интервјуа врзани со ликови од областа на театарот, филмот, музиката, сликарството и фотографијата. Наедно се занимава успешно и со уметничка фотографија зад неа се осум самостојни постановки во земјава и странство. Активно работи и како ПР менаџер на настани врзани со културата.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаThu, 10 Apr 2014 23:25:46 +0200
Заврши конкурсот за најдобар расказhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/zavrshi-konkursot-za-na-dobar-raskaz http://mxradio.com.mk/mx/kultura/kniga/zavrshi-konkursot-za-na-dobar-raskaz

zivko cingoНа 25 јули истече рокот на конкурсот за пријавување на најдобар расказ по повод културната манифестација “Вечер на Чинго”. Жири комисијата во состав на Венко Андоновски, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо – Димоски денес ги разгледа пристигнатите раскази.

Пријавени се вкупно 55 раскази од кои 5 се неважечки. Во наредниот период комисијата ќе ги разгледа пристигнатите раскази, а на 8 август ќе биде објавен победникот. Наградата ќе му биде врачена на 13 август на културната манифестација “Вечер на Чинго”.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)КнигаMon, 30 Jul 2012 14:31:15 +0200