Вокалистите на „Бјело дугме“ во Охрид

Објавено во Филм Среда, 17 Јуни 2009 11:05

Жељко Бебек, Младен Воичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ, вокалистите на „Бјело дугме", на 18 јули ќе одржат концерт на градскиот стадион „Билјанини извори" во Охрид. Тројката доаѓа со проектот „Кад би био Бјело дугме", со кој лани настапи во „Метрополис арена" во Скопје. Организаторите најавуваат дека концертот ќе трае три часа.

Горан Бреговиќ, основачот и прв член на бендот, не е дел од овој проект.
Ален, Тифа и Бебек во Охрид ќе пристигнат еден ден пред концертот. Придружните вокали доаѓаат од Босна и Херцеговина, а според најавите на организаторите, осветлувањето и озвучувањето ќе бидат на светско ниво.

Пред нивниот настап, на сцената ќе свират неколку рок-групи или пејачи од Македонија, а неофицијално се преговара со „Бастијан", „Морал" и со пејачките Дани и Александра Пилева.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.