Сунгерот боб штетен за децата

Објавено во Филм Понеделник, 12 Септември 2011 11:59

Децата на  четиригодишна возраст кои девет минути го гледаат цртаниот филм за сунѓерот Боб Коцкалоне ризикуваат проблеми со краткорочното внимание и учење, се покажа во едно истражување.

Проблемите се воочени во истражувањето во кое 60 деца беа поделени во три групи - едни го гледале „Сунѓерот Боб“, други цртаниот филм „Кају“, а трети цртале.

После девет минути, децата изработиле тест за ментални функции чиј заклучок бил дека тие кои го гледале „Сунѓерот Боб“ задачите ги изработиле полошо од другите.

Претходните истражувања го поврзаа гледањето телевизија со долгорочните проблеми за оддржување внимание кај децата, но новата студија наведува на заклучок дека кусото излагање на одредени соддржини имаат моментална последица, за која родителите треба да бидат свесни, порачуваат авторите на истражувањето.

Цртаните филмови просечно соддржат 22 минути акција, па следењето на програмата што трае подолго од тоа „може да биде многу штетно“, наведуваат истражувачите, нагласувајќи дека за потврда за тоа се потребни многу докази.

На резултатите од студијата треба да им се пријде со резерва заради малиот број учесници, но нејзините заклучоци поттикнуваат тврдење дека изложеноста на медиумите е здравствен проблем, наведува Димитри Кристакис, експерт за развој на децата во Детската болница во Сиетл, кој учествувал во истражувањето објавено во весникот „Педијатрикс“. Кристакис наведе дека родителите мораат да бидат свесни дека програмите со повеќе акции не оговараат за помладите деца.

- Важно е што децата гледаат, а не само колку долго гледаат телевија, порача тој.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.