Пријавете се да бидете дел од „Клучот е под чергиче“

Објавено во Филм Вторник, 22 Мај 2012 11:12

Центарот за институционален развој-ЦИРа во соработка со Центарот за медиумски активности-ЦМА објавуваат повик за учество во новото телевизиско документарно-забавно шоу „Клучот е под чергиче“ .

Медиумскиот продукт со социјална содржина-„Клучот е под чергиче“ ќе го прикаже секојдневниот живот на неколку македонски семејства, нивното и искуството на млади луѓе кои ќе одат на гости во ново семејство. Во мултикултурни општества, какво што е нашето, медиумите имаат клучна улога во отсликување на културната разноликост и промовирање на добри меѓуетнички односи.

„Клучот е под чергиче“ ќе се состои од неколку епизоди, при што во секоја епизода ќе се следат две индивидуи, кои одат да живеат во друго семејство. Двајцата учесници во секоја емисија ќе треба да поминат неколку дена во семејство кое има различни животни навики, или едноставно негува различни верувања за животот. Секоја епизода ќе започнува со симболичното пронаоѓање на клучот под чергичето од страна на гостинот. Учесниците и семејствата ќе добијат и дополнителни предизвици/задачи од продукцискиот тим кои треба да бидат завршени во таа епизода.

Повикот е отворен за сите млади луѓе (17-25 години) кои доаѓаат од семјества кои се подготвени да научат за новите култури и да ги отворат вратите на својот дом за кратокраен престој на млад човек од друга култура.

Заинтересираните кандидати можат да остават свои информации за контакт на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на (02)3114 855 (локал 117)

За повеќе информации обратете се кај Ирина Јаневска (проектен координатор) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на 072 236 203

Овој проект е поддржан од УНДП во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.