Клинт Иствуд ја доби "Златната палма" за животно дело

Објавено во Филм Четврток, 26 Февруари 2009 23:58

На доделувањето на Златни палми на престижниот филмски фестивал во Кан, што се одржа на 25.02.2009, Клинт Иствуд ја доби специјалната "Златна Палма" за животно дело.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Парис во ресторанот "Ле Фуке".

Седумдесет и осумгодишниот глумец Клинт Иствуд им за заблагодари за наградата и изјави дека е исклучително почестен. Исто така им се заблагодари на француските кинематографи, за поддршката која му ја пружиле уште од појавувањето на неговиот прв филм во 1970 година. За Иствуд ова не е прва награда во Кан, минатата година ја доби специјалната награда за филмот "Замена". Наскоро Иствуд заминува за Јужна Африка, каде ќе го снима филмот „Човечкиот фактор“ со Мет Дејмон и Морган Фридмен.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.