Филм за нацијата која е во заложништво поради своето име ,филм за Македонија

Објавено во Филм Петок, 19 Јуни 2009 11:06

Филм за Македонија под наслов „ Име си е име " („ A name is a name „) на уметниците Сигурјон Еинрасон (Sigurjon Einarsson) и Мортен Харкет (Morten Harket) е речиси готов. Филмот за нацијата која е во заложништво поради своето име, според авторите веројатно нема да ја промени позицијата на Грција, но ќе има позитивно влијание на политичарите, што донесуваат одлуки ширум светот.
Авторите се надеваат дека филмот ќе ја запознае пошироката публика со оваа неправда. Филмот е во режија на Сигурјон Еинрасон, музиката ја напиша Мортен Харкет, познат како фронтмен на норвешката група „ А-ха ", а продуцент е Џејсон Мико. Авторите најавија дека наскоро на официјалната интернет страница на филмот - www.anameisaname.net ќе биде објавен трејлер, како и повеќе информации.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.