Филмhttp://mxradio.com.mk Sat, 16 Dec 2017 06:18:15 +0100Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkБата Живојиновиќ доживеал тежок мозочен ударhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/bata-zhivo-inovi-dozhiveal-tezhok-mozochen-udar http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/bata-zhivo-inovi-dozhiveal-tezhok-mozochen-udar

bata zivoinovicЕден од најпознатите српски актер Велимир Бата Живоиновиќ (79) доживеа тежок мозочен удар, пишува дневниот весник „Прес“, а лекарите се борат за неговиот живот.

Актерот се наоѓа во Специјалната болница за лечење на цереброваскуларни болести „Свети Сава“ во Белград.

На Живоиновиќ му се слошило во вторник и е префрлен во болница каде е констатирано дека доживеал мозочен удар. И покрај напорите на лекарите, тој се наоѓа во критична состојба, а прогнозите се обесхрабрувачки.

Легендарниот „Валтер“ во октомври 2006 година доживеа срцев удар, а боледуваше и од гангрена која пред три години ја излечи во Куба.

Живоиновиќ е роден во селото Корачица под Космај во 1933 година. Глумеше во повеќе од 250 филмови и серии, а улогата во филмот „Валтер брани Сараево“ му донесе голема популарност и во Кина.

Освен со актерството, се занимаваше и со политика, беше пратеник на Социјалистичката партија на Србија во неколку мандати.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмThu, 05 Jul 2012 11:01:11 +0200
Пријавете се да бидете дел од „Клучот е под чергиче“http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/pri-avete-se-da-bidete-del-od-kluchot-e-pod-chergiche http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/pri-avete-se-da-bidete-del-od-kluchot-e-pod-chergiche

Kluchot e pod chergiche -MKD 2Центарот за институционален развој-ЦИРа во соработка со Центарот за медиумски активности-ЦМА објавуваат повик за учество во новото телевизиско документарно-забавно шоу „Клучот е под чергиче“ .

Медиумскиот продукт со социјална содржина-„Клучот е под чергиче“ ќе го прикаже секојдневниот живот на неколку македонски семејства, нивното и искуството на млади луѓе кои ќе одат на гости во ново семејство. Во мултикултурни општества, какво што е нашето, медиумите имаат клучна улога во отсликување на културната разноликост и промовирање на добри меѓуетнички односи.

„Клучот е под чергиче“ ќе се состои од неколку епизоди, при што во секоја епизода ќе се следат две индивидуи, кои одат да живеат во друго семејство. Двајцата учесници во секоја емисија ќе треба да поминат неколку дена во семејство кое има различни животни навики, или едноставно негува различни верувања за животот. Секоја епизода ќе започнува со симболичното пронаоѓање на клучот под чергичето од страна на гостинот. Учесниците и семејствата ќе добијат и дополнителни предизвици/задачи од продукцискиот тим кои треба да бидат завршени во таа епизода.

Повикот е отворен за сите млади луѓе (17-25 години) кои доаѓаат од семјества кои се подготвени да научат за новите култури и да ги отворат вратите на својот дом за кратокраен престој на млад човек од друга култура.

Заинтересираните кандидати можат да остават свои информации за контакт на info@bujrum.mk или на (02)3114 855 (локал 117)

За повеќе информации обратете се кај Ирина Јаневска (проектен координатор) на irinaj@cira.org.mk">irinaj@cira.org.mk или на 072 236 203

Овој проект е поддржан од УНДП во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмTue, 22 May 2012 11:12:12 +0200
Сунгерот боб штетен за децатаhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/sungerot-bob-shteten-za-detcata http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/sungerot-bob-shteten-za-detcata

sponge-bobДецата на  четиригодишна возраст кои девет минути го гледаат цртаниот филм за сунѓерот Боб Коцкалоне ризикуваат проблеми со краткорочното внимание и учење, се покажа во едно истражување.

Проблемите се воочени во истражувањето во кое 60 деца беа поделени во три групи - едни го гледале „Сунѓерот Боб“, други цртаниот филм „Кају“, а трети цртале.

После девет минути, децата изработиле тест за ментални функции чиј заклучок бил дека тие кои го гледале „Сунѓерот Боб“ задачите ги изработиле полошо од другите.

Претходните истражувања го поврзаа гледањето телевизија со долгорочните проблеми за оддржување внимание кај децата, но новата студија наведува на заклучок дека кусото излагање на одредени соддржини имаат моментална последица, за која родителите треба да бидат свесни, порачуваат авторите на истражувањето.

Цртаните филмови просечно соддржат 22 минути акција, па следењето на програмата што трае подолго од тоа „може да биде многу штетно“, наведуваат истражувачите, нагласувајќи дека за потврда за тоа се потребни многу докази.

На резултатите од студијата треба да им се пријде со резерва заради малиот број учесници, но нејзините заклучоци поттикнуваат тврдење дека изложеноста на медиумите е здравствен проблем, наведува Димитри Кристакис, експерт за развој на децата во Детската болница во Сиетл, кој учествувал во истражувањето објавено во весникот „Педијатрикс“. Кристакис наведе дека родителите мораат да бидат свесни дека програмите со повеќе акции не оговараат за помладите деца.

- Важно е што децата гледаат, а не само колку долго гледаат телевија, порача тој.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмMon, 12 Sep 2011 11:59:16 +0200
"Златна Малина" за Парис Хилтон и Мајк Маерсhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/zlatna-malina-za-paris-khilton-i-ma-k-maers http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/zlatna-malina-za-paris-khilton-i-ma-k-maers

Традиционално и оваа година пред "Оскарите" се доделија и Златните Малини за спортивните од добитниците на Оскари...

 

Парис Хилтон заврши со дури три статуетки, за најлоша актерка, за најлош актерски пар и најлоша женска споредна улога. На Мајк Маерс му припадна наградата за најлоша машка улога во филмот "Љубовен Гуру" кој исто така беше прогласен за најлош филм. А нагрдата за најлошо продолжение на филм ја доби четвртиот дел од Индијана Џонс "Индијана Џонс и кристалниот череп"

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмWed, 25 Feb 2009 02:44:05 +0100
Клинт Иствуд ја доби "Златната палма" за животно делоhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/klint-istvud-a-dobi-zlatnata-palma-za-zhivotno-delo http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/klint-istvud-a-dobi-zlatnata-palma-za-zhivotno-delo

На доделувањето на Златни палми на престижниот филмски фестивал во Кан, што се одржа на 25.02.2009, Клинт Иствуд ја доби специјалната "Златна Палма" за животно дело.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Парис во ресторанот "Ле Фуке".

Седумдесет и осумгодишниот глумец Клинт Иствуд им за заблагодари за наградата и изјави дека е исклучително почестен. Исто така им се заблагодари на француските кинематографи, за поддршката која му ја пружиле уште од појавувањето на неговиот прв филм во 1970 година. За Иствуд ова не е прва награда во Кан, минатата година ја доби специјалната награда за филмот "Замена". Наскоро Иствуд заминува за Јужна Африка, каде ќе го снима филмот „Човечкиот фактор“ со Мет Дејмон и Морган Фридмен.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмThu, 26 Feb 2009 23:58:24 +0100
Фреида Пинто стана миленичка на модните креаториhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/freida-pinto-stana-milenichka-na-modnite-kreatori http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/freida-pinto-stana-milenichka-na-modnite-kreatori

После големиот успех по првиот филм "Slumdog Millionaire" кој заслужно ги доби 8те Оскари оваа година, преубавата млада актерка Фреида Пинто со светлосна брзина стана миленичка на модните уредници во целиот свет.

Индиската актерка која се прослави со улогата на Латика во филмот награден во 8 наврати со 8 оскари "Slumdog Millionaire", се појави на насловната страница на Vogue, светски познатиот моден магазин, додека нејзините секси фотографии излегоа во Vanity Fair.

Фреида, благодарејќи на својата убавина неколку години работела и како модел. Магазинот Elle ја прогласи за актерка на годината на Elle Style Awards.

 

 

 

 

Поради што убавината не се опишува со зборови, еве погледнете неколку нејзини фотографии.

 

 

 

 

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмFri, 27 Feb 2009 00:12:06 +0100
Анџелина Џоли стана плавушаhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/an-elina-oli-stana-plavusha http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/an-elina-oli-stana-plavusha

Покрај тоа што Анџелина стана плавуша таа стана и агент на ЦИА, руски шпион и акциона хероина и како таква се пресели во Њујорк.

 Но сето ова не е вистина, вистината е дека Анџелина работи на новиот филм "Salt" и дека во филмот ќе биде плава, руски шпион и таен агент на ЦИА, а филмот ќе се работи во Њујорк.  Нејзиниот сопруг Бред Пит и децата се веќе преселени во њујоршката вила а Анџелина работи на филмот.

Филмот ќе биде прикажан наредната година во режија на Филип Ноис. Главната улога беше замислена и наменета за Том Круз се додека Анџелина не ја изрази желбата таа да биде во главната улога.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмThu, 05 Mar 2009 02:05:50 +0100
Вокалистите на „Бјело дугме“ во Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/vokalistite-na-b-elo-dugme-vo-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/vokalistite-na-b-elo-dugme-vo-okhrid

DSC01025Жељко Бебек, Младен Воичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ, вокалистите на „Бјело дугме", на 18 јули ќе одржат концерт на градскиот стадион „Билјанини извори" во Охрид. Тројката доаѓа со проектот „Кад би био Бјело дугме", со кој лани настапи во „Метрополис арена" во Скопје. Организаторите најавуваат дека концертот ќе трае три часа.

Горан Бреговиќ, основачот и прв член на бендот, не е дел од овој проект.
Ален, Тифа и Бебек во Охрид ќе пристигнат еден ден пред концертот. Придружните вокали доаѓаат од Босна и Херцеговина, а според најавите на организаторите, осветлувањето и озвучувањето ќе бидат на светско ниво.

Пред нивниот настап, на сцената ќе свират неколку рок-групи или пејачи од Македонија, а неофицијално се преговара со „Бастијан", „Морал" и со пејачките Дани и Александра Пилева.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмWed, 17 Jun 2009 11:05:59 +0200
Анџелина Џоли највлијателна славна личностhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/an-elina-oli-na-vli-atelna-slavna-lichnost http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/an-elina-oli-na-vli-atelna-slavna-lichnost

angelina-jolie-pregnant

Холивудската актерка Анџелина Џоли и ја презеде на Опра Винфри титулата на најмоќните славни личности, на листата на сто највлијателни ѕвезди во изборот на американското списание „Форбс", на која оваа година царуваат жени.

Џоли ја потисна популарната водителка на второто место и стана најславна ѕвезда во светот со заработувачка од 27 милиони долари во изминатата година, како и со медиумско внимание што го привлече особено по раѓањето на близнаците и ангажирањето на хуманитарен план.

На трето место е поп кралицата Мадона, благодарение на светската турнеја и на медиумската прашина која се крена со разводот и неуспешното усвојување на девојчето од Малави. На четврто место се најде уште една пејачка - Бијонсе.

Најдобро рангиран маж е играчот на голф Тајгер Вудс, на петтото место се рокерот Брус Спрингстин и режисерот Стивен Спилберг.

„Посилната" половина на Џоли, актерот Бред Пит се најде на деветтото место веднаш зад поранешната соопруга Џенифер Анистон, додека десеттото место го зазеде кошаркарот Коби Брајант.

Американскиот претседател Барак Обама, кој е на 49-то место, е првиот шеф на државата кој се појави во ова списание кое „Форбс" го објавува секоја година од 1999.

На листата од 100 највлијателни ѕвезди на планетата се најде и српската тенисерка Ана Ивановиќ која го зазеде 90-то место.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмFri, 05 Jun 2009 10:50:58 +0200
Филм за нацијата која е во заложништво поради своето име ,филм за Македонија http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/film-za-natci-ata-ko-a-e-vo-zalozhnishtvo-poradi-svoeto-ime-film-za-makedoni-a http://mxradio.com.mk/mx/kultura/film/film-za-natci-ata-ko-a-e-vo-zalozhnishtvo-poradi-svoeto-ime-film-za-makedoni-a

MakedonijaФилм за Македонија под наслов „ Име си е име " („ A name is a name „) на уметниците Сигурјон Еинрасон (Sigurjon Einarsson) и Мортен Харкет (Morten Harket) е речиси готов. Филмот за нацијата која е во заложништво поради своето име, според авторите веројатно нема да ја промени позицијата на Грција, но ќе има позитивно влијание на политичарите, што донесуваат одлуки ширум светот.
Авторите се надеваат дека филмот ќе ја запознае пошироката публика со оваа неправда. Филмот е во режија на Сигурјон Еинрасон, музиката ја напиша Мортен Харкет, познат како фронтмен на норвешката група „ А-ха ", а продуцент е Џејсон Мико. Авторите најавија дека наскоро на официјалната интернет страница на филмот - www.anameisaname.net ќе биде објавен трејлер, како и повеќе информации.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ФилмFri, 19 Jun 2009 11:06:18 +0200