Бата Живојиновиќ доживеал тежок мозочен удар

Објавено во Филм Четврток, 05 Јули 2012 11:01

Еден од најпознатите српски актер Велимир Бата Живоиновиќ (79) доживеа тежок мозочен удар, пишува дневниот весник „Прес“, а лекарите се борат за неговиот живот.

Актерот се наоѓа во Специјалната болница за лечење на цереброваскуларни болести „Свети Сава“ во Белград.

На Живоиновиќ му се слошило во вторник и е префрлен во болница каде е констатирано дека доживеал мозочен удар. И покрај напорите на лекарите, тој се наоѓа во критична состојба, а прогнозите се обесхрабрувачки.

Легендарниот „Валтер“ во октомври 2006 година доживеа срцев удар, а боледуваше и од гангрена која пред три години ја излечи во Куба.

Живоиновиќ е роден во селото Корачица под Космај во 1933 година. Глумеше во повеќе од 250 филмови и серии, а улогата во филмот „Валтер брани Сараево“ му донесе голема популарност и во Кина.

Освен со актерството, се занимаваше и со политика, беше пратеник на Социјалистичката партија на Србија во неколку мандати.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.