Анџелина Џоли стана плавуша

Објавено во Филм Четврток, 05 Март 2009 02:05

Покрај тоа што Анџелина стана плавуша таа стана и агент на ЦИА, руски шпион и акциона хероина и како таква се пресели во Њујорк.

 Но сето ова не е вистина, вистината е дека Анџелина работи на новиот филм "Salt" и дека во филмот ќе биде плава, руски шпион и таен агент на ЦИА, а филмот ќе се работи во Њујорк.  Нејзиниот сопруг Бред Пит и децата се веќе преселени во њујоршката вила а Анџелина работи на филмот.

Филмот ќе биде прикажан наредната година во режија на Филип Ноис. Главната улога беше замислена и наменета за Том Круз се додека Анџелина не ја изрази желбата таа да биде во главната улога.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.