Анџелина Џоли највлијателна славна личност

Објавено во Филм Петок, 05 Јуни 2009 10:50

Холивудската актерка Анџелина Џоли и ја презеде на Опра Винфри титулата на најмоќните славни личности, на листата на сто највлијателни ѕвезди во изборот на американското списание „Форбс", на која оваа година царуваат жени.

Џоли ја потисна популарната водителка на второто место и стана најславна ѕвезда во светот со заработувачка од 27 милиони долари во изминатата година, како и со медиумско внимание што го привлече особено по раѓањето на близнаците и ангажирањето на хуманитарен план.

На трето место е поп кралицата Мадона, благодарение на светската турнеја и на медиумската прашина која се крена со разводот и неуспешното усвојување на девојчето од Малави. На четврто место се најде уште една пејачка - Бијонсе.

Најдобро рангиран маж е играчот на голф Тајгер Вудс, на петтото место се рокерот Брус Спрингстин и режисерот Стивен Спилберг.

„Посилната" половина на Џоли, актерот Бред Пит се најде на деветтото место веднаш зад поранешната соопруга Џенифер Анистон, додека десеттото место го зазеде кошаркарот Коби Брајант.

Американскиот претседател Барак Обама, кој е на 49-то место, е првиот шеф на државата кој се појави во ова списание кое „Форбс" го објавува секоја година од 1999.

На листата од 100 највлијателни ѕвезди на планетата се најде и српската тенисерка Ана Ивановиќ која го зазеде 90-то место.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.