Православните христијани на Величетврток вапцуваат велигденски јајца. Со вапсување на првото црвено јајце, пред изгрејсонце - вака на Велики четврток започнуваат подготовките за Велигден, кој се празнува во чест на христовото воскресение по третиот ден од неговата смрт. Домаќините, рано наутро, пред изгревот на сонцето ги бојадисуваат првите 3 црвени Велигденски јајца.












