MX Радио

Кога сакаш да слушаш радио...

    Банер
Home Здравје Препораки Музиката како лек

Музиката како лек

Е-пошта Печати PDF

Music_BrainМузиката има седативно дејство, ја поттикнува силата на имагинацијата, дава иницијатива, ја јакне волјата, ги ублажува болките, го намалува крвниот притисок, го намалува стресот и ги регулира сите аспекти на здравственото телесно функционирање.

 Во психијатријата терапијата со музика се применува како нова метода на лечење, а експертите избираат вид на музика соодветен со дијагнозата на пациентот. Звучните вибрации делуваат на дел од мозокот кој прима и предава информации добиени преку сетилата, така под влијание на лесни и пријатни мелодии се намалува лачењето на хормонот на стрес а се зголемува лачењето на природните аналгетици - ендорфинот - хормон на среќата.

Научниците неодамна утврдија дека музиката делува на нашите најдлабоки чувства на тој начин што со суптилни и позитивни вибрации воспоставува психичка рамнотежа и создава чувство на задоволство и радост.

Музиката не извлекува од сите состојби на меланхолија, ни ги ублажува страдањата, не релаксира и делува како лек.

Многу медицински експерти сметаат дека музиката чини чуда во ублажување на стрес, болка и страв и дека влијае на подобрување на расположението и стимулира позитивни емоции. Праксата на терапија со музика е воведена кога болниците забележале емотивно и физичко подобрување кое било поврзано со слушање на музика кај ранетите воени ветерани во текот на Втората светска војна, а во поново време оваа терапија се покажала ефикасна и кај луѓето кои имаат проблем да ги изразат своите чувства. Луѓето слушаат музика за да ја намалат нервозата, да се опуштат по напорниот работен ден, бидејќи од настанувањето на човековиот род музиката развеселува, смирува и доведува до состојба на возвишена медитација.

Древните Египјани употребувале ист хиероглиф и за музика и за уживање, а грчкиот лекар и филозоф Питагора ја препишувал музиката како лек.

Познато е дека музиката делува позитивно на несоницата, од тоа не е ни чудно ако во некоја аптека забележите дека се продаваат и ЦД-а од Моцарт, Бах или Бетовен, амбиентална музика, релаксирачки звуци на природата, специјална програма за бремени жени... На пример, Моцарт е познат под името „чистач на мозочните вијуги".

Меѓутоа, од сите музички правци рок музиката најексплицитно е поврзана со изразувањето на сексуалноста, а машкото идентификување со изведувачот е изразено не само во сексуални рамки, туку и како по слободно присвојување на доминација, моќ и сигурност.

Според некои експерти, музиката, меѓу останатото е и витамин за душата и влијае на зголемување на имунитетот, а кога ќе сфатиме колку позитивно влијае на здравјето, можеби во зимските студени денови со чаевите по често ќе ја конзумираме и класичната музика на Моцарт, Хајдн и Бетовен.

Последно освежено ( Понеделник, 01 Јуни 2009 10:43 )  

vline1

logo_haak

vline1

Охрид Регион Македонија Свет

Времето Денес

Аудио вести на МХ - Радио

one_za_reklama

mx_bilbord1

Видео Колекција

Наша Препорака

 

Св.Јован Канео

 Западно од рибарската населба Канео во Охрид, на...

 

Охрид

  Современиот Охрид е наследник на античкиот Лих...

 

Македонија

Од приближно V век п.н.е. Македонија станува знача...

 

Св.Наум Ohrid

За животот и дејноста на св. Наум Охридски постој...

 

Охридско Езеро

  Охридското Езеро е најголемо и најзначајно при...

Гости

Има 10 гости присутни

Реклама

eagle

VAKcare

chiloutcroatia

ilince_namaleni_ceni

komunalec_logo_reklama

Анкета

Скопје 2014?
 

Знаат Зошто

vispoj_MK