MX Радио

Кога сакаш да слушаш радио...

    Банер
Home Вести Охрид Реакција на Локалната: На дното

Реакција на Локалната: На дното

Е-пошта Печати PDF

opstinaПретпоследната седница на Советот на Општина Охрид, која се одржа на 22.02.2010 година, беше демонстративно напуштена од страна на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ. А како причина за ваквата постапка беше наводното ниво на ниска и недозволена комуникација, предизвикана од еден единствен текст, поточно реакција на претходните, во серија изнесени,  неосновани и невистинити напади и омаловажувања врз градоначалникот на Општина Охрид.

"Загрижени" за угледот и дигнитетот на Охрид, новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, господинот Атанаско Михаилов и членот на Советот на Општината од оваа Партија, господинот Дејан Паноски, итно,  остварија средба со градоначалникот Александар Петрески.

Со одбрани зборови, го изнесоа ставот на нивното ново партиско раководство за  надминување  на дневно-политичките и  ситни партиски интереси, а се во интерес на угледот на Охрид како духовна, просветна и културна престолнина на Република Македонија.

Од своја страна, градоначалникот на Општина Охрид, договореното почна да го практикува од истиот ден. Закажа итен состанок со одговорните во Одделнието за односи со јавноста и издаде наредба на општинскит сајт да не со објавуваат никакви текстови кои во себе содржат политички примеси или лични навреди на поединци.

Градоначалникот и општинската администрација, како што доликува на возрасни луѓе, до крај го почитуваа договореното. Но, што се случи со дадениот збор на тие кои дојдоа во кабинетот на градоначалнкот и побараа да се заштити угледот на Охрид, угледот на институциите и угледот на поединците.

Дали угледот на Охрид, угледот на институциите и угледот на поединците,  се штити со фашистички билборди?

Почитувани партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ,

Во најцрните, во најапсулитистичките, во најдиктаторските режими во светот се почитуваат елементарните човекови права и слободи.

Александар Петрески, или било кој друг граѓанин,  лично да го наполнеше Охридското Езеро и вие на лице место да го затекневте како го прави тоа, немате право да го линчувате на  вашите столбови на срамот.

Дали ова е само почеток? Дали следните ваши билборди нема да бидат монтирани човечки глави на кукасти крстови?

Некои рекоа дека е премината црвената линија. Не, со овој чин, премината е црната линија. Ова е дно. Подолу не може.

Во името на демократијата, во името на човековите права и слободи, во името на Охрид и Македонија, ЗАПРЕТЕ СО ВАШАТА ЗАПОЧНАТА БОРБА ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА!

www.ohrid.gov.mk

 

vline1

logo_haak

vline1

Охрид Регион Македонија Свет

Времето Денес

Аудио вести на МХ - Радио

one_za_reklama

mx_bilbord1

Видео Колекција

Наша Препорака

 

Св.Јован Канео

 Западно од рибарската населба Канео во Охрид, на...

 

Охрид

  Современиот Охрид е наследник на античкиот Лих...

 

Македонија

Од приближно V век п.н.е. Македонија станува знача...

 

Св.Наум Ohrid

За животот и дејноста на св. Наум Охридски постој...

 

Охридско Езеро

  Охридското Езеро е најголемо и најзначајно при...

Гости

Има 16 гости присутни

Реклама

eagle

VAKcare

chiloutcroatia

ilince_namaleni_ceni

komunalec_logo_reklama

Анкета

Скопје 2014?
 

Знаат Зошто

vispoj_MK