Во недела точно напладне во просториите на салата на Општина Охрид ВМРО - Народна партија ќе одржи Централен комитет на кој ќе присуствува и лидерот на ВМРО - Народна партија, господинот Љубчо Георгиевски.
Во рамките на овој настан Општинскиот комитет на ВМРО - Народна партија од Охрид организира и коктел кој ќе се одржи во изложбениот салон при Домот на култура „Григор Прличев" во Охрид со почеток во 14:00 часот.
















