Со свечена церемонија изминатата ноќ се затворени 21-те Зимски олимписки игри кои од 12 до 28 февруари се одржаа во Ванкувер. Домашниот олимписки тим освои најмногу златни медали (14), додека селекцијата на САД собра вкупно најмногу одликувања (37).
Живописната церемонија по повод затворањето на "Би Си Плејс" стадионот, пред околу 60.000 гледачи, заврши со спуштање на олимпиското знаме и гасење на олимпискиот оган.
Пред да бидат прогласени за затворени 21-те ЗОИ ж, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог ги опиша како "одлични и многу пријателски" и му оддаде почит на настраданиот грузиски санкаш Нодар Кумариташвили, кој животот го загуби на тренинг на 12 февруари, во пресрет на отворање на Игрите.
Олимпискиот оган полека се гасеше со настапот на кандаскиот рог ветеран Нил Јанг, а потоа почна богатата забавна програма.
Следните Зимски олимписки игри на програмата се од 7 до 23 февруари 2014 година во градот Сочи во Русија.
















