Пејачот на Guns N' Roses бил спасен од Себастијан Бах, некогашен член на Skid Row. Групата Guns N' Roses која моментално е на промотивната турнеја "Chinese Democracy World Tour", минатата недела беа гости во Њујорк за време на модната недела. Првиот настап во Varvatos Store поминал со не баш големо медиумско внимание, но затоа во клубот Rose Bar, Аксел Роуз предизвикал посебно внимание.
Според информации на The New York Post, во раните утрински часови во клубот влегол маж кој со нож тргнал накај Аксел. Но затоа соколовото око на Себастијан го забележал напаѓачот и заедно со обезбедувањето го исфрлиле од клубот.Сведоци тврдат дека Себастијан кажал - "Никој нема да го нападне со нож мојот пријател Аксел". Многумина не го приметија овој обид за напад и сеуште не се знае како непознатиот маж успеал да влезе на ексклузивна забава.
Guns N' Roses настапиле пред одбрана публика од околу 150 луѓе. Меѓу нив бил и Мики Рурк кој уживал во познатите хитови "Paradise City", "Nightrain", "Sweet Child O'Mine" и многу други.
















