Денеска во продсториите на ЈП Охридски Комуналец прес конференција одржа ВД Директорот на ова претпријатие Сашо Алчев на која ги демантираше искажаните невистини во вчерашното соопштение од ОК ВМРО ДПМНЕ - Охрид.
Тој истакна дека ЈП Охридски Комуналец Охрид има долг кон државата од околу 3.000.000 денари, а дека има за побарување од 10.000.000денари.
Истакна дека во изминатиот период односно во 2009 година се платени 8.000.000денари и дека во наредниот период со динамиката на работење која во овој момент ја има ова јавно претпријатие ќе се исплати и преостанатиот долг.
Пресот беше насочен и кон платите кои според соопштението не ги добивале вработените на ова претпријатие, но беше краток „вработените добиваат плата на први и платата веќе неколку месеци е покачена за 10%".
Во врска со новиот закон кој се донесе во собранието на Р.Македонија Алчев истакна дека законот е добар за претпријатијата кои имаат екстремно високи долгови кон државата но дека и тоа што е на рати и со грејс период нема да вроди со плод бидејќи и самите рати ќе бидат екстремно високи и дека нема да се плаќаат.
Алчев истакна дека работењето на ЈП Охридски комуналец треба да им послужи како пример на другите јавни претпријатија и дека државата треба да се потруди да ги наплати своите побарувања со тоа ке се исчисти долгот но и дека ќе се купат две нови возила за потребите на ова претпријатие.
















