Огласувањето на општинската организација на ВМРО-ДПНЕ во улога на толкувач во стилот „што сакал писателот да каже", се обидува на охридската јавност да и'ја подметне големата лага под наслов „Владата сон не ја фаќа од што мисли на Охрид"!
Толкувањето на законското решение за замрзнување на долговите на јавните претпријатија како „голем подарок" за граѓаните на Охрид од страна на Владата на ВМРО-ДПНЕ е доказ за достигнатиот врв на нивната хипокризија.
Вистината е таа дека двете општински јавни претпријатија имаат долгови заради неможноста да ги наплатат своите милионски побарувања од фирмите, подрачните единици и институциите кои се токму под капата на Владата на ДПМНЕ. Значи она што државата го должи во милионски суми на ЈП „Охридски Комуналец" и „Проаква" се крие под тепихот за да се прикаже дека Владата мислела на охридските јавни претпријатија и нивните вработени. Ако вмровската Влада мисли на граѓаните на Охрид, нека си ги плаќа сметките за струјата што ја троши колекторскиот систем за заштита на Езерото а токму тоа е законска должност на државата! Неисполнувањето на нејзините законски обврски и надлежности, се прикажуваат редовно како долг на општинското јавно претпријатие, па за да биде комедијата поголема, сега охридскиот огранок на ДПМНЕ се фали дека одлагањето е подарок.
Вистината е и таа дека во својата стратешка определба да го опструира Охрид во децентрализацијата, Владата на ДПМНЕ да можеше, ќе го изземеше Охрид од спомнатиот Закон. Доволен доказ за таквиот третман и однос кон Охрид од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фактот дека само Охрид од поголемите урбани средини во Македонија е оставен во првата фаза на децентрализција, заедно со десеттина рурални општини.
Конечно, немасто да се обидува да ја лаже охридската јавност со небулозно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ, нека им признае на граѓаните дека спомнатото законско решение е спас за јавните претпријатија во 99 насто општини во Македонија кои се под капата на таа партија. Пред се' тука се астрономските долгови на превозните, комунални претпријатија и водоводи во Скопје и во сите оние општини каде се превработиле со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и послушници на владеачката гарнитура.
А, што се однесува за ефектите за охридските јавни претпријатија, ВМРО-ДПМНЕ може само да жали што тие успешно и без проблеми ги опслужуваат граганите и покрај неможноста да ги наплати долговите од осиромашените граѓани, уништените фирми и државните институции.
Општина Охрид.
Кабинет на Градоначалникот
















