Македонска владина делагација во наредните два дена ќе престојува на официјална средба во Република Чешка. Премиерот Никола Груевски ќе се сретне со чешкиот претседател Вацлав Клаус и неколку чешки државни претставници.
Според владиното соопштение на средбата ќе се разговара за унапредување на економската соработкана двете земји. Во Прага в среда ќе се одржи македонско - чешки економски форум.
















