Поради основано сомнение дека е можен сторител на кривичните дела ,, Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, и ,, Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода,, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лцето Г.И.(39) од Охрид. Од страна на Истражен Судија, одредена му е мерка Притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот, на ден 01.02.2010 година , управувајки го своето патничко моторно возило марка ,,Даеву-Матиз,, со охридски регистарски таблици, од
небрежност, предизвикал сообракајна незгода во која едно лице го загуби животот.
Тепшката сообраќајна незгода се случи во 06 часот и 20 минути на пресекот на улиците ,, 7 Ноември,, и ,,Егејска,,. Непосредно по незгодата,, лице местото е напуштено од страна на сега притворениот односно истиот веднаш
избегал, неукажувајки помош на пешакот Блага .М. родена 1953 година од Охрид, која во моментот го преминувала коловозот.
Со цел пронаоѓање на возилото и возачот кој беше во бегство, беа преземени опсежни опративно-тактички мерки кои резултираа со лоцирање на возилото во еден автомеханичарски сервис во Охрид а по кратко време и со пронаоѓање на сега притворениот.
















