Напаѓачот на Барцелона и на Аргентина Лионел Меси ја доби наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на светот оваа година.
22 годишниот Меси годинава стана и најдобар фудбалер во Европа. Со Барселона Меси ги освои Лигата на Шампионите, Светскиот Клубски Куп, Ла Лига и Кралскиот Куп.















