Во рамките на фестивалот "ОХРИД ТЕ САКАМ" денес во ОМУ„Методи Патче" во Охрид со почеток во 19. часот ќе настапат Емилија Потевска и Татјана Џорлева - клавирско дуо.
Ќе биде вечер посветена на македонскиот композитор Димитрие Бужаровски на која ќе бидат изведени неговите најпознати дела Nocturnes op. 52b "Трнушко /Шекерна/ Вечерајте"," Не си го продавај Кољо...", "Не се бели Маре мори", "Дали паметвиш Милице".















