Пресвртница во развојот на теоретската физика се случи пред точно сто години со презентацијата на Теоријата на релативитетот на Алберт Ајнштајн. На 21 септември 1909 година во 15 часот на 81-то заседание на Друштвото на германските природонаучници и лекари во Салцбург, младиот Алберт Ајнштајн прв пат јавно ја презентираше својата теорија на релативитетот.
Заседанието, на кое Ајнштајн ја објасни и својата прочуена формула енергијата е еднаква на масата по брзината на светлоста на квадрат, се одржуваше во фискултурната сала на гимназијата Андраж во Салцбург, каде и сега стои спомен-плоча за пресвртниот момент во науката. Ајнштајн доби признание за предавањето, но некои негови колеги како Макс Планк изразија сомневања во теоријата на релативитетот.
Алберт Ајнштајн е роден на 14 март 1879 година во германскиот град Улм, а почина на 18 април 1955 во Принстон во САД.
















