На интернет се појави нова социјална мрежа за нудисти и натуралисти " „Скинбук". Сајтот настанал минатата година откако неколку студентите од Манчестер почнале да си разменуваат искуства од летувањето на кое посетувале нудистички плажи.
Карл Мадокс, еден од творците на страната, вели дека се двоумел да ги избрише податоците, но потоа сфатил дека тоа би било штета и решил да направи страна на интернет која би ги охрабрила луѓето кои не се баш задоволни со своето тело. „Скинбук", кој досега има регистрирано 6.000 членови, овозможува склопување на пријателства, објавување слики и видеозаписи, а креаторите се надеваат дека наскоро ќе му стане конкуренција на „фејсбук".
















