Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President
www.mxradio.com.mk

Очилата за проширена реалност на Аппле, наречени Аппле Глассес, се последниот адут од производната линија на американскиот технолошки гигант. Со новиот одобрен патент, АР очилата ќе бидат способни да ви покажат повеќе детали отколку што окото може да забележи.


Кога Аппле Глассес ќе бидат подготвени за да се појават на пазарот, функцијата на прикажување на реалноста ќе биде исклучително разработена, елегантна и со научен карактер.
Канцеларијата на патенти на САД неодамна издаде и објави патент кој ќе му овозможи на Аппле да им понуди на купувачите очила со кои ќе добиваат подетални информации за предметите и околината.
Патентот содржи методи за „дисплеј кој се носи на главата“ (нормално, Аппле Глассес не е споменат директно, но можете да претпоставите за што се работи) за приказ на информации за ПОИ (Поинт Оф Интерест) со мали индикатори кои ќе покажуваат дополнителни детали.
Корисниците ќе можат да добијат повеќе детали за околината и објектите со тоа што ќе кликнат со прстот на приказот во нивното видно поле. Предната камера на уредот (која треба да има вграден сензор за длабочина) го препознава овој потег и прикажува повеќе или помалку информации за избраниот објект. Засега не сме сигурни како дополнителните информации ќе бидат прикажани на Аппле Глассес, без тоа да биде вознемирувачко за работата на корисниците.
Очилата Аппле Глассес би требало да бидат директно поврзани со оперативниот систем на иПхоне и нема да прикажуваат виртуелна, туку проширена реалност. Нивното лансирање на пазарот е закажано за 2021 година.