Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President
www.mxradio.com.mk

Со сериозна стратегија и пристап кон една од најважните економски гранки за охриѓани-туризмот, директно ќе придонесеме во локалната економија која после падот и стагнацијата во последната година ќе даде оптимистички показатели, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

Милошевски при тоа најави неколку проекти предвидени во програмата, кои се однесуваат на развојот на туризмот. Меѓу нив, се Формирање на Локален економски совет за интезивирање на соработката помеѓу општината и приватниот сектор, Изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид за правилно насочување на ресурсите во градење на модерна индустрија која е неопходна за остварување на одржлив економски развој, Отворање Туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира во туристичко-информативниот центар преку кое ќе оди промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, информација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.
Програмата опфаќа и Воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот, Традиционално одржување на туристичката „Промотивна Тура“, Фестивал „ОХРИД ЦАЛЛИНГ“ како бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот, Воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес за да се зголеми безбедноста, Набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување за зголемување на квалитетот на манифестациите и збогатување на туристичката понуда на Охрид, Поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам, Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл), и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите, ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда, Континуирана туристичка промоција на Охрид за јакнење на меѓународната соработка и зголемување на довербата со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид, Интензивирање на меѓународната соработка со соседните држави во насока на искористување на европските програми за финансирање на проекти на Локалната самоуправа
Развојот на туризмот е нашиот врвен приоритет затоа што значи истовремено и директно и индиректно зголемување на бројот на вработени во градот. Овие и многу други мерки ќе придонесат Охрид да стане препознатлив и често посетуван.