Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President
www.mxradio.com.mk

Нашата цел е да ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Реализираме планови и проекти, ивестираме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата населба или населено место,

истакна на денешната прес конференција Ристо Николески од СДСМ, презентирајќи дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.
Николески информира дека во текот на изминатот период реализирани се низа проекти за подобрување на инфраструктурата во Охрид. Меѓу нив, проектот за реконструкција на водоводна линија на дел од улиците „Кленоец“, „Дејан Војвода“, „Крали Марко“ и „Будва“. Поставена е атмосферска каналиација на новопроектираната улица „АСНОМ“, на дел од Булевар „Туристичка“, на улица „Егејска” и на улица „Стив Наумов”. Изградена е фекална канализација на дел од улиците „15. Корпус“, „Ванчо Питошески“ и „Радојца Новичиќ“, како и на неколку локации во селата Лескоец, Велгошти и Рача. Во фаза на реализација се проектите за поставување на нова водоводна линија, атмосферска и фекална канализација на улицата „Абас Емин”.
Во текот на наредниот период, планираме да поведеме сериозна иницијатива за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на градотОхрид и населените места од поранешната општина Косел, со изградба на нов водоснабдителен систем кој ќе ја користи водата од изворот Дувло во атарот на село Свиништа.Проектот за изградба на новиот водоснабдителен систем е изготвен и истиот е предвиден во Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување. Со овој проект ќе се обезбеди организирано водоснабдување со зафаќање на Свинишките Извори со доводен гравитационен цевковод во должина од 21 километар. Проектот предвидува и изградба на прекидна комора, приклучни шахти за населените места, хлоринаторка станица и други придружни објекти. Со овој проект се очекува во Охрид да доаѓаат околу 150-200 литри гравитациона вода во секунда, рече Николески.
Потенцира дека и понатаму континуирано ќе се вложува во системи за водоснабдување и одведување на отпадни води во урбаната зона и селските средини и дека цел е да се инвестира по приоритет, план и да се обезбеди инфраструктура за сите.