Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President
www.mxradio.com.mk

Современите општествени текови и динамиката на модерното живеење ја наметнуваат потребата од  поквалитетни ипобрзиуслугиза граѓаните одстрананаопштината.

Токму затоа нашата цел е да преземеме соодветни мерки за поголема ефикасност на општинската администрација.

Веќе имаме рализирано конкретни активности за воведување на електронскиот систем„Муни“, кој ќе овозможи поголема интеграција меѓу општинските сектори и  јавните претпријатија, во насока на подобра и поквалитетна услуга.Апликацијата ќе биде достапна за граѓаните на нивните смарт уреди, при што електронски ќе можат да плаќаат месечни сметки за комунални услуги или дакомуницираат директно со општинските служби, кои се задолжени за решавање на нивниот конкретен проблем.

Исто така со цел да се подобрат опшинските услуги планирана е имплементација на Географско Информативен Систем (ГИС), кој ќе содржи просторно лоцирани ГИС бази на податоци за територијата на општина Охрид. Тие ќе бидат распоредени за користење во главните сфери на интерес и за различни намени како што се урбани единици, улици,градежнипарцели,објекти и подземенката стар. За изработка на ваквите бази на податоци, општината веќе има аплицирано на проект кој ќе биде реализиран со средства од странски фондови.

Во насока на зголемување на нивото на транспарентноста на општината и посоодветно пласирање на информации од јавен карактер, веќе е изготвена нова и редизајнирана општинска веб страница, која веќе е ставена во функција. Обновената веб страница ќе им овозможи на граѓаните и на медиумите полесно пребарување и изнаоѓање на потребната информација.

За дасе подобратусловите за граѓаните воурбаните и руралните зони

општината планира да преземе мерки за зголемување на капацитетот на месните и урбаните заедници,преку обука на членовите на месните управи. Ова има за цел да го зголеми нивото на партиципативност во донесување на одлуките на локално ниво.

Ворамки на општинската зграда, во иднина е планирано обезбедување на посебни инфо пултови и приемни шалтери на кои граѓаните ќе можат полесно да се информираат и да бидат упатени како најлесно да можат да ги завршат своите обврски. Ќе биде воспоставена и ефикасна телефонска и електронска комуникација преку отворени телефони за прашања и поплаки.

Нашата цел е да бидеме општина по мерка на секој граѓанин. Постојано сме отворени за соработка и подготвени да се менуваме и подобруваме! Само заедно со Вас, граѓаните и со вашите предлози може да постигнеме многу повеќе за нашата општина!