Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President

Почитувани сограѓани.Охрид пред повеќе од една година, храбро и одговорно одлучи и за градоначалник го избра Проф. Д-р Јован Стојаноски,  кој неизмерно го сакаше нашиот град.

Тој имаше безброј идеи и огромна желба за промени, но прераната смрт не дозволи да ги реализира сите започнати проекти. Ветивме дека ние ќе го оствариме неговиот сон. 

Горд сум  што бев дел од неговиот тим и веќе добро го познавам патот по кој заедно одевме и имавме заедничка замисла да го направиме Охрид поубаво и посакувано место за живеење.Понесен од спомените на едно големо пријателство и братство, почувствував голема морална обврска и мотив да ги вложам сите мои човечки капацитети, сето мое искуство и време за да се борам и да го продолжам она што го започнавме заедно! За доброто на Охрид и за доброто на охриѓани, ние можеме и мораме да ги промениме работите, а за рок од една година достоинствено покажавме и дека знаеме како.

Со поддршка на Владата, Општина Охрид повеќе го нема огромниот товар од долгови и камати кои со години го кочеа нејзиниот развој. Процесот на раздолжување е во завршна фаза и тоа е еден голем успех за сите нас. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти. Консолидацијата на јавните претпријатија беше исто така многу важна активност на која бевме многу посветени и со правилно менаџирање успеавме да обезбедиме услови за пораст на приходите и намалување на трошоците.

Еден од нашите најважни приоритети да ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура во функција на потребите на граѓаните. Во фаза сме на реализација на многу идеи и проекти за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

Постојано преземаме мерки за почиста и поубава животна средина. Донесена е владина одлука за формирање на новото Јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое ќе ги преземе обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем. Со ова очекуваме  конечно да се реши горливото прашање за заштита на нашето најголемо природно богатство- Охридското Езеро. Тековно спроведуваме и идеи и планови за подобрување на  условите за развој во туризмот, а кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ веќе се воспоставени нови директни линии до Виена, Малме и Милано, а од јули стартуваат и редовните авио линии кон Дортмунд и Менинген.

Освен секојдневната посветеност на реализација на активности, воведовме и нов модел на отворена,  услужна и транспарента локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани.

Мојата  Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар.

Ајде заедно да ги поддржиме идеите за подобар Охрид! Ајде  повторно заедно да продолжиме да одиме напред!  Мораме уште еднаш да ја искористиме дадената шанса за подобро утре, за подобри услови за живот на нашите деца, кои сакаме да ја градат својата иднина тука, до нас, во нашиот град.

Ајде да се одлучиме за уште една Голема победа во Охрид!