Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на Регионална конференција во Љубљана, на која  говореше на панел дискусија посветена на “Структурните реформи за конкурентни пазарни економии“.


Министерката Царовска во своето обраќање ја истакна важноста на социјалната реформа која што е во собраниска процедура, а со која се извлекуваат семејствата од долгорочна сиромаштија. Со оваа реформа се предвидени инвестиции во предучишното образование, во капитална инфраструктура и во подобрување на квалитетот на услугата.  Се подобруваат и мерките на пазарот на труд преку проактивен концепт за вработливост, посебно на младите лица.
„Во последните година и пол работевме напорно да ја направиме социјалната реформа. Од една страна, оваа реформа целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемува финансиската помош која ја добиваат. Од друга страна, новиот систем овозможува поддршка, обуки и советување,  за да може секој човек да почне да работи. Овој пристап ќе им помогне на луѓето трајно да излезат од сиромаштија, но истовремено ќе ја зголеми работната сила во земјата“, рече Царовска.
Министерката потенцираше дека  на овој начин, реформата не само што ќе има позитивен ефект врз ранливите групи граѓани, туку и врз економијата и пазарот на трудот. Заедно со останатите мерки, како што се програмите за младинско вработување, зголемувањето на минималната плата и бројните позитивни реформи наменети за маргинализираните групи граѓани се создава праведно општество, кое вистински се грижи за сите.
„Ова е многу важно за мене како министерка и за нас како Влада. Цврсто сме решени да помогнеме за секое дете да има еднаква шанса да успее во животот и секој човек да излезе од сиромаштија. Ова е моја цел и мотивација во работата“, рече Царовска.
Настанот “Кон подобрување на структурните реформи и фискалните рамки“ е во орагнизација на ЦЕФ, Љубљана,  и е дел од промоцијата на претстојниот регионален проект “Зајакнување на капацитетите на министерствата за проценка на фискалните импликации на структурните реформи“.