Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President

Празните калории од алкохолот многу брзо можат да станат проблем, барем кога станува збор за вашите килограми. Само еден час поминат со весело друштво и некоја пијачка, може да резултира со внесување стотина непотребни калории.


Можете ли да ослабите пиејќи алкохол?
Но, доколку сметате дека мора целосно да се откажете од алкохолот додека сте на диета, грешите.
Се разбира, доколу целосно го отстраните алкохолот од вашиот живот можно е да ослабете побрзо, но нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се почастите со некоја пијачка.
    „Не мора целосно да се откажете од уживањето во пијачка со пријателите додека се обидувате да ослабете. Меѓутоа, имајте на ум дека консумирањето алкохол придонесува во вашиот вкупен дневен внес на калории, а истовремено има малку хранливи материи како што се протеини, витамини, минерали и хранливи влакна, што му се потребни на телото за да остане здраво“, изјавила нутриционистката Елора Базанел.
    Покрај тоа, според нејзината колешка Џули Апто, пиењето алкохол го зголемува вашиот апетит. Па, добро е да размислите и за тоа доколу сакате да пиете додека сте на диета.
    „Чаша вино неколку пати неделно не би требало да биде проблем. Но доколку пиете две или три чаши секоја вечер, тие калории можат да направат голема разлика во вашите обиди за слабеење“, изјавила нутриционистката Синди Далоу.
Доколку сепак се одлучите да пиете алкохол додека сте на диета, осигурете се дека тоа ќе биде пијалак со помалку калории кој нема да има многу големо влијание на вашата цел.