Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

Testimonials

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.
Sandro Rosell
FC Barcelona President
www.mxradio.com.mk

Харизмата е мистериозна карактеристика која е постојано предмет на истражувања и дебати. Некои велат дека харизмата е вродена, некои велат дека се учи. Поголемиот дел се согласуваат дека е комбинација од двете. Доколку сте се прашувале што е тоа што ја сочинува харизмата и како можете да ја надградите својата, денес ги решаваме сите ваши дилеми.


Поставуваат прашања
Луѓето кои се карактеризирани и препознатливи како шармантни се познати по тоа што поставуваат прашања и се интересираат за мислењата на соговорникот наместо постојано да ги почнуваат речениците со: „ЈАС“ и да зборуваат само за себе.
Не ги гледаат телефоните
Ако сакате да им се допаднете на луѓето, едноставно оставете го телефонот подалеку од вас. Навистина не изгледа ниту пријатно, ниту културно да гледате во телефонот додека некој ви се обраќа и ви зборува.
Не се преправаат дека се нешто што не се
Харизматичните луѓе секогаш се чувствуваат удобно во своја кожа и секогаш го покажуваат своето право лице. Тие не се обидуваат да бидат покул или подобри од тоа што се, едноставно се искрени кон самите себе, а со тоа и кон останатите.
Не бараат внимание
Харизматичните луѓе никогаш не бараат внимание, ниту пак се наметнуваат, тоа доаѓа само по себе. Тие не се трудат да бидат центар на внимание, ниту пак се трудат да доминираат во разговорите. Но, секогаш знаат точно кога треба да се вклучат во разговор и зборуваат кога имаат нешто значајно да кажат.
Се смеат
Харизматичните луѓе секогаш се насмеани. Никој не сака намќори кои постојано се намуртени и кои ги полнат останатите со негативна енергија. Позитивната енергија и насмевката е еден од основните чекори во градење на харизмата.